Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ се појави синоќа на доделување на Батфа наградите во Лондон и не ја симнувала насмевката од лицето.

Кејт блескала во фустан кој го носела и во 2020 година, но како што пишуваат медиумите, минатите денови не била така ведра и насмеана, како синоќа на црвениот тепих.

Имено, неименуван извор за УС Викли открил како војвотката од Кембриџ всушност се чувствува.

Кејт е во паника и многу е нервозна. Едвај има време за одмор, а кога се обидува да заспие, не успева, бидејќи многу е вознемирена – рекол изворот, кој додал дека на војвотката најмногу и недостига помладиот брат на нејзиниот сопруг.

Познато е дека Кејт била многу блиска со принцот Хари, поради што ова многу тешко и падна. Се плаши бидејќи мисли дека овој потег значи одвојување од нејзиниот добар пријател. Би сакала да разговара со пријател. И недостига и се плачи дека тие двајца веќе никогаш нема да имаат близок пријателски однос како некогаш – додал изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.