По стариот добар обичај, војвотката ја повторила модната комбинација

Насмеаната и пресреќна Кејт Мидлтон во неделата присуствувала на велигденска миса со своето семејство, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора, која го прославила 93-тиот роденден.

Војвотката од Кембриџ стигнала во капелата облечена во капут во бебешка сина боја на Александар Меквин, со соодветен шешир на глава. Кејт веќе го носела истиот капут за Велигден во 2014 година. Кралицата Елизабета Втора се појавила исто во сино издание, со сино шеширче на глава, додека во раце носела букет полско цвеќе. Принц Филип не присуствувал на мисата.

Принц Хари носел темносино одело и вратоврска која добро одела со неговата модна комбинација.

Меган не присуствувала на церемонијата.

Принц Хари и Меган и’ го честитале роденденот на кралицата преку Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.