Војвотката на Кембриџ, Кетрин и војвотката на Сасекс, Меган, на кои во последно време им се припишуваат затегнати односи, се соочија една против друга во битка за општествената љубов и внимание. Во анкета за „Дејли Експрес“ за омилените кралски личности на Британците, Кејт доби 32 отсто од гласовите, додека нејзината „соперничка“ ја претпочитале само шест отсто од учесниците.
Иако се здоби со популарност над Меган Маркл, војвотката од Кембриџ не успеа да се избори со кралицата Елизабета II. За нејзиното Височество, кое официјално го прослави својот 93-ти роденден во саботата со традиционалната воена парада, гласаа 42 отсто од нејзините поданици.
На парадата, војвотката од Сасекс, Меган го означи нејзиното прво јавно појавување по раѓањето на нејзиниот син, Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор. Топ пет од најпопуларните членови на британското кралско семејство се надополнети со мажите на двете дами – принцовите Вилијам и Хари, кои делат пет отсто од гласовите.
За принцезата Ана, гласале три проценти од испитаниците. По два проценти добиле престолонаследникот, принцот Чарлс, неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, и принцезата Шарлот, а по еден – сопругот на кралицата принцот Филип, кој денеска наполни 98 години, и грофицата на Весекс – Софи.
Војводата од Единбург се очекува да го прослави својот роденден со Нејзиното Височество. Според медиумот, кој се повикува на експерти за семејството, Елизабет II и принцот Филип водат одвоени животи и не се гледаат „со недели“. Мажот на кралицата официјално се повлече од своите јавни обврски во 2017 година, потсетува изданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.