Некои едвај го чекаат Божик, додека други не можат да ја дочекаат Нова година! Некако секогаш излегува дека поголема е радоста во исчекувањето, отколку во самиот настан. Така и Бадната вечер всушност е ден кога се случуваат најмногу нешта. Треба да се накити божикна елка, да се подготват разни јадења, да се завиткаат подароци и на крај на целата приказна, да се оди на одмор. Значи, на Божик се одмараме. И едни на други го честитаме роденденот на Исус.

Бадната вечер кај разни народи различно се вика. Во нашите краишта е Бадна вечер или Бадник, бидејќи таа ноќ до огништето се носи големо исечено стебло наречено бадник. Ако појдеме од германските или англиканските јазици, варијацијата е од Божикната вечер до Светата вечер. Никој точно не знае кога се родил Исус, но сме одредиле тоа да биде 25 декември. Како што според библиските записи била ноќ и се видела витлеемска ѕвезда, претпоставка е дека тоа се случило во ноќта меѓу 24 и 25 декември. Па така и роденденот на Исус се очекува и потоа се слави цели 48 часа.

Традиции за Бадната вечер

Што обично правиме на Бадник? Во некои дамнешни времиња се носел исечен трупец во домот. Немало елка за китење, туку таткото и синот оделе во шума и сечеле млад бор. Жените дома свечено ги пречекувале, го премачкувале со темјан и миродии па го замотувале во чаршав. Според народните верувања тоа стебло, како древни скали, требало да помогне на малиот Исус да се симне на Земјата. Во текот на Бадната ноќ на Божик, исечениот трупец се фрлал во оган во каминот и ја греел куќата до следното утро.
Денес тоа е многу поинаку. Имено, и во овие наши краеви, како целиот христијански свет, едноставно китиме елка/бор. Тоа изгледа вака: во последен момент купуваме елка, ја китиме, ги виткаме подароците, подготвуваме бакалар или шаран со ориз, или се дружиме со најмилите, а потоа патот под нозе, на почивка. А на крај на сето тоа, се отвораат подароците!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.