Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, по тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните. На 24 декември, во пресрет на Рождеството Христово, се почитуваат строгите пости.

Оние верници, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествова литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Спасителот. По свечената литургија, доаѓа ред на празничната вечера. Стар обичај е да се сервираат посни јадења.

Заедно со католиците, овој празник ги слават протестантите и Англиската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Во секоја земја празникот си има свои традиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.