Катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во потполност во склад со нејзиниот изглед пред разорниот пожар минатата година, одлучи францускиот претседател Емануел Макрон после консултациите со главниот архитект и комисијата задолжена за реставрација.

Макрон, која сака Нотр Дам повторно да биде отворен за Олимпијадата во 2024 година, на почетокот се залагаше за модерна архитектура што привлече голем број архитекти од целиот свет да ги понудат своите предлози.

Сепак, тој ги послуша аргументите на традиционалистите и ги одобри плановите за обнова на споменикот од 12 век кој беше преттавен вчера.Планот вклучува обнова на куполата од 19 век, дело на архитектот Ежен Виолет ле Дика кој се сруши во пожарот, како што изгледала претходно.

Пожарот избувна на 15 април минатата година додека се обновуваше катедралата и изгореа дрвените греди поради што куполата се сруши и повлече со себе дел од кровот.

Потребни беа речиси една година да се исчистат остатоците од олово кои се ослободени за време на пожарот и да се дојде до точка во која работниците може да започнат со отстранување на скелето кое беше на местото пред пожарот заради претходните работи на обновата.

Вистинската реконструкција ќе започне дури следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.