И покрај цврстиот став на официјална Софија пратеникот Кастриот Реџепи е убеден дека Македонија до крајот на јануари ќе ја стартува европската приказна, објавува Сител.
Пратеникот кој прво стави потпис, а потоа во последен момент се предомисли за недоверба на Владата поради убедување од европските партнери дека Македонија е пред неповторлива можност, сега повторно вели дека сите домашни и меѓународни информации се позитивни.
-Сѐ уште верувам дека е доста значаен момент. Сме многу блиску да се надминат пречките и започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството кадешто беше кажано дека веќе испратен е документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка, рече Реџепи во изјава за Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.