Каратистка од Хонг Конг не дозволува пад на формата дури и додека е хоспитализирана во болница бидејќи е заразена со новиот коронавирус.

Џенифер Цан Ји Тин треба допрва да избори пласман на Олимпијадата во Токио, па времето во болница го користи за колку што може да ја одржува формата. Таа е хоспитализирана откако се заразила со коронавирусот.
Веројатно одложувањето на ЛОИ за наредната година добро ќе ѝ дојде за да ја темпира формата. Олимписките квалификации требаше да почнат на 18 март, но поради пандемијата беа одложени и сѐ уште не е одредено кога ќе се одржат, како и местото на одржување на борбите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.