Компанијата „Блу ориџин“ на основачот на Амазон, Џеф Безос, го одложи вториот туристички лет во Вселената, поради неповолни метеоролошки услови. Лансирањето на вселенскиот брод „Њу шепард“ беше планирано за денеска, но тоа е одложено за утре.

Во леталото ќе има четворица туристи. Меѓу нив е и 90-годишниот глумец Вилијам Шетнер, познат по улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“. Тој ќе стане највозрасниот човек што полетал во Вселената.

На 20 јули, компанијата успешно го заврши првиот орбитален лет со туристи. Меѓу нив беше и самиот Џеф Безос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.