Американскиот кантри пејач и кантавтор Џо Дифи почина денеска на 61-годишна возраст од компликација поврзана со коронавирусот.

Дифи е добитник на неколку Греми награди и кантри ѕвезда од 90-те. Во петокот објави дека му е дијагностициран Ковид-19. Притоа тој наведе дека е под медицински третман и замоли да не биде вознемируван, но ги замоли и обожавателите да бидат внимателни во ова време на пандемија на коронавирус.

Дифи имаше 20 музички хитови на топ 10 листите, од кои пет завршија и на прво место.

Од неговите албуми, 13 се прогласени за платинести, а два златни.

Претходно, Дифи најавуваше дека планира да издаде и нов албум, по седум години пауза



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.