Ким Кардашијан и Канје Вест дефинитивно ќе се разведат, а познатата старлета, според американските медиуми, веќе ангажирала адвокат.

Ким веќе ангажираше адвокат, и иако сака сè да не излезе од јавноста, некои работи беа видливи за сите – изјави извор близок до парот и додаде: Тој не носи бурма веќе подолго време, а Божиќните празници Канје ги помина во вила одделена од семејството. Ким го замоли да помине извесно време раздвоено, за да можат да размислуваат за работите, но знаеше дека и е доста од сè.

Ким и Канје за време на летото имаа големи турбуленции во бракот. Имено, тој тврдеше дека Ким сакала да абортира нивно дете, а потоа Ким со отворено писмо до јавноста откри дека Канје пати од биполарно пореметување.

Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно пореметување. Секој кој боледува од оваа болест или негови блиски патат, знаат колку е тоа болно и комплицирано да се разбере. Никогаш јавно не зборував како тоа се одрази на нас тоа дома, бидејќи многу ги штитам нашите деца и Канје има право на приватност, кога во прашање е неговото здравје. Оние кои ги разбираат менталните пореметувања или дури и компулсивно однесување знаат дека семејството е немоќно ако лицето не е малолетно – напиша Ким тогаш.

Ким и Канје се венчаа во 2014 година и имаат четири деца: ќеркитe Норт и Чикаго, како и синови Сент и Псалм.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.