Откако папата Франциск првпат јавно прозборе за свештениците кои вршеле сексуални злоупотреби, поранешни калуѓерки откриваат морбидни детаљи.

Роцио Фигуероа, теолог од Нов Зеланд, раскажала како во Перу со години ја силувал свештеник. Откако се придружила на една заедница, како 15-годишна, свештеникот ја замолил своето духовно патување да го започне токму со него.

Ми рече дека ќе ме научи на самоконтрола над сопствената сексуалност. Бев наивна и без никакво сексуално искуство. Почна да ме допира по целото тело. Погрешно мислев дека тој е добар, а јас лоша. Себеси се обвинував. Никогаш не ме силувал, но сексуално ме злоупотребуваше. Дека сум жртва на злоупотреба сфатив кога имав 40 години“, признала Фигуероа, која проговорила по смртта на насилникот.

Поранешна калуѓерка Дорис Вагнер-Ресингер исто така прозборела за своето трауматично искуство, објави Би-би-си.

Пред да бидам сексуално злоопотребена, бев духовно вознемирувана. Не смеев да читам книги, ниту со кого било да разговарам за лични работи. Изгубив самодоверба и станав слаба. Пет години подоцна, еден член на нашата заедница одлучи да се зближи со мене. Наскоро почна да ме прегрнува, а една вечер влезе во мојата соба, почна да ме соблекува и на крај ме силуваше“, рекла Дорис Вагнер-Ресингер.

Во потресната сторија, таа открила дека не можела да разбере дека во тој „совршен свет“ се случува злоупотреба.

Ми беа потребни години да сфатам дека тоа што се случувало било силување“, рекла Вагнер-Ресингер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.