Српскиот актер и водител Милан Калиниќ откри како во неговиот дом изгледа самоизолацијата, конкретно пишувањето на домашната задача во новонастанатата ситуација.

Краткото видео, судејќи според ситуацијата, го снимила неговата сопруга, а во него се гледа како Калиниќ со синот заедно пишува домашна задача.

Милан воопшто не е задоволен од тоа како тече пишувањето на домашното, па така тој постојано му вика на синот, додека сопругата Сандра му порачува „Добро, Милане, полека“.

Ова е видеото кое тој го објави на Инстаграм со описот:

– Еве ви реална приказна од изолација, короно, спаси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.