Бонифациј беше роб. Живееше во Рим со својата господарка Аглаида во незаконит брак. Иако и двајцата беа христијани по име, далеку беа од светиот живот.

Еден ден Аглаида му даде многу пари на Бонифациј и го прати на Исток да и донесе мошти од некој христијански маченик. Овој отиде во градот Тарс, во Мала Азија, и гледајќи како христијаните беспра¬вно страдаат за Христа, поверува и самиот. Заради тоа беше ставен на маки и најпосле погубен.

Неговите придружници ги зедоа неговите мошти и ги однесоа во Рим кај Аглаида. А таа, откако доживеа внатрешен земјотрес поради тоа сведоштво, изгради црква и ги положи таму моштите на свети Бонифациј. Ова се случи за време на император Диоклецијан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.