Познат по спектакуларниот огномет секоја новогодишна ноќ, Сиднеј, Австралија и синоќа имаше со што да ги почасти сите присутни собрани пред Опера хаус. Повеќе од милион и половина луѓе беа присутни во центарот на Сиднеј кога сказалките покажаа полноќ и почна огнометот долг 12 минути.

Во тој момент на мостот се појави „Среќна нова 2018 година“.

(фото: Ројтерс)

Како што пишува „Сиднеј морнинг хералд“, огнометот чинел повеќе од 3,5 милиони евра, а се состоел од 8,5 тони огномет и околу 100.000 други пиротехнички средства и ефекти.

Извршната продуцентка на новогодишната прослава Ана Мекнерни рекла дека организацијата на овој настан траела повеќе од 1 година и дека на организаторите воопшто не им е драго за грешката, но се случува.

На крај сите се насмеавме и решивме да гледаме напред – изјавила таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.