Снимка од имигрантска свадба во шведскиот град Филипстад предизвика многу негодувања на социјалните мрежи и покрена дебата.
На снимката која ја објавил новинарот Јоаким Ламот, на шведската јавност познат по известувањата за прашањата за миграција и сексуални злосторства, јасно се гледа маж кој држи два пиштоли во раце и танцува на музика.
Според пишувањата на тамошните медиуми, целата глетка била снимена на една свадба во Филипстад во округот Вармленд.
Ламот го контактирал сопственикот Алек Форнандер кој потврдил дека имото Мункеберг навистина бил изнајмен за сватови.
„Мигрантски пар правеше свадба. Немаше причина да не им верувам“, рекол сопственикот. За локалните медиуми рекол дека таа вечер доаѓала и полиција, но дека не било во прашање вистинско оружје туку играчка.
Полицијата потврдила дека локалецот танцувал со два пиштоли. Иако целото случување било опишано како неприкладно, прославата продолжила.
Сепак, видео снимката станала вирална, а во Шведска стигнала осуда од страна на јавноста. Многу граѓани ја изразиле својата огорченост на Фејсбук.
Шведска има строги закони кога станува збор за употреба на оружје. Повеќето луѓе кои поседуваат оружје се ловци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.