Тинејџерката Шелби, споделила видео на социјалната мрежа Тик Ток во кое покажала како изгледа тестирањето на коронавирусот.
Видеото станало вирално и досега е прегледано над милион пати.
Во снимката Шелби оди да се тестира во “драјв тру“, центарот за тестрање, а кога ќе стигне таму, медицинската сестра набрина ѝ зема брис од носот низ прозорецот на автомобилот.
Медицинската сестра неколку секунди го врти долгото медицинско стапче во носната празнина на тинејџерката за да земе примерок кој ќе го испрати на анализа.
Се чувствував како некој да ми забива нож во мозокот, напишала Шелби во описот на видеото.
Таа додала дека по тестирањето кивала и дека ѝ крварел носот, но дека не било толку многу страшно.
Додека некои корисници на интернет споделиле слични искуства, други нагласле дека важно е да се тестирате доколку постои сомнеж дека сте заразени со Ковид-19 и дека тие неколку секунди навистина не претставуваат никаква болка.
@shelfboiGot tested lol. Felt like I was being stabbed in the brain 😂 ##coronavirus ##smallgestures ##selfcare ##quarantine ##foryoupage ##fyp ##itscoronatime
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.