На социјалните мрежи се појави интересно видео од Рига. Во главна улога е еден крадец кој украл автомобил БМВ по кого полицијата започнала потера. Финалето на потерата се случува на една крстосница.
Со неколку опасни маневри со кои ја загрозил сигурноста на останатите учесници во сообраќајот крадецот се обидел да побегне уфрлајќи го менувачот во рикверц.
Но БМВ „X6 “, буквално се качи на едно хјундаи соната.
Крадецот потоа истрчува од џипот и уште еднаш се обидува да побегне но, не успева во тоа.
Полицијата по апсењето утврдила дека станува збор за 35 годишен маж кој во досието веќе имал неколку кражби на автомобили.
Сега тој се соочува со казна затвор до три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.