Индискиот стартап „Вејкфит“ (Wakefit) се занимава со здраво спиење и одмор, односно со душеци кои тоа го овозможуваат. Компанијата бара почетници кои би спиеле на работа осум часа, 100 дена по ред, а за таа „тешка“ работа ќе бидат платени околу 1.300 евра.

Најдобро е што сето тоа се случува дома и не мора да се патува до работното место.

Според пропозициите, идеални кандидати се оние „кои се чувствуваат пријатно во околината, која не е динамична, и можат да замислат и предложат стратегии со кои тие и останатите членови на нивниот тим ќе заспијат во длабок сон и ќе спијат колку е можно подолго“.

Ако успеат да докажат љубов кон удобното лежење, мирната околина, попладневниот одмор и љубов кон топол дом, тие карактеристики посебно ќе се вреднуваат.

Основниот услов за добро извршена работа е речиси фанатичната желба и способност да заспиеш кога било и каде било. Од кандидатите се очекува и да сакаат да минуваат време во своите пижами. Еден од условите кој треба секако да се исполние да не се претерува со гледање телевизија и серии, а компјутер во текот на работното време не е дозволен. Предност имаат лицата кои можат вешто да ги игнорираат пораките и известувањата на смартфоните, а оние кои грчат се исклучени.

Целата приказна за оваа работа всушност се однесува на набљудување на начинот на спиење на новата линија душеци, направена од индиската компанија. Исто така, ќе бидат понудени и совети за оние кои имаат проблеми со сонот.

„Вејкфит“ е компанија која во Индија, но и во светот, веќе се има прославено со предлогот за воведување простории за брз попладневен одбор во индиските канцеларии, кратко спиење по ручекот, бидејќи резултатите од спроведеното истражување покажале дека 86 отсто Индијци веруваат оти би биле попродуктивни по еден таков краток одмор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.