Највисокиот сообраќаен тунел во светот, кој се наоѓа на 4.750 метри надморска височина беше отворен во петокот на Тибет. Тунелот со должина од 5,7 километри е дел од автопатот кој ја поврзува тибетската престолнина Ласа со градот Нјингчи на југоистокот на Тибет.
Изградбата на тунелот со две ленти во која учествувале над 2.000 градежни работници почна во 2015 година, а заврши во петокот. Со овој тунел е скратен патот кој ја обиколуваше планината Мила висока 5,7 километри за 18 километри.
Гонг Бин, извршниот директор на проектот Мила маунтин танел, изјави дека за време на изградбата биле остварени над 10 технолошки потфати, како што е подобрување на прецизноста на прегледноста на планинските тунели во екстремно студени временски услови и на големи височини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.