Во јануари 2016 година, тогаш 27-годишната Ким Тучи од Австралија на донесе петорка, а фотографијата со нејзините пет новороденчиња беше доста популарна во јавноста.
Нејзиниот син Кит и четирите ќерки Али, Пенелопе, Тифани и Беатрикс наскоро ќе наполнат 4 години, а вака изгледаат денеска.
Ким има син и од претходната врска, а родила и две ќерки во бракот со сопругот. Како што изјавила самата, во сите претходни бремености телото многу брзо и се опоравувало после породувањата, но не и откако ја родила петорката.
Со месеци после породувањето се погледнував во огледалото и можев единствено само да видам уништено тело, вели оваа мајка на осум деца, додавајќи дека се плашела дека ниту една диета, ниту режим на вежбање не би ѝ помогнале за да се ослободи од вишокот на килограми.
Како што изјавила за медиумите, морала да направи операција за којашто платила 18.000 долари, но успеала да го доведе своето тело во ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.