Откако дозна дека има канцер, Марина Туцаковиќ се повлече од јавноста, а дека лекувањето оди во добра насока потврда е тоа што Марина полека се враќа на работните обврски, па веќе има напишано и неколку текстови за српски изведувачи.
Марина во едно неодамнешно интервју откри и кои биле првичните симптоми кои ги имала пред да дознае дека боледува од канцер.
Јас знаев дека тоа на мене ќе ми се случи. Се чувствував многу лошо, многу се нервирав. Имав една мала рана која ја игнорирав. Тогаш знаев дека сум болна, навистина знаев. Свесно не одев на доктор. Имав и некои приватни проблеми и тогаш човек не внимава на здравјето. Се ставив на последно место, откри Туцаковиќ неодамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.