Човек што нагазил на црна магија, кој изел или испил нешто во кое била ставена магија, може често да чувствува болка во желудникот, да му се подува стомакот дури и после консумирање на мала количина храна или пијалак, а некогаш тоа се случува и кога стомакот е празен… Магијата може да се изеде, да се добие на подарок, да се стапне на неа… Бројни се начините за да му се нанесе зло некому – извадок од Народните верувања, раскажува исцелителката К.Р.
Како можете без туѓа помош да ги препознаете симптомите на омаѓосан човек?
-Човек кој згазнал на магија или нешто му било ставено во храна, често може да чувствува болка во желудникот, да му се подува стомакот дури и после консумирање на мала количина храна или пијалак, а некогаш тоа се случува и кога стомакот е празен, има привремени главоболки кои не поминуваат со консумација на медицински лек, чувствува силна тегоба во пределот на градите, особено навечер до доцна во ноќта, отсутност со духот, деконцентрација и голема поспаност – појаснува К.Р.
Во својата долгогодишна пракса, често се среќавав токму со вакви симптоми кај пациенти кои од мене бараа помош. Неодамна ми се јави еден човек од странство кој со својата жена отпатувал поради работа. Таму основал семејство, складен брак, деца, убави работи… но, одеднаш преку ноќ човеков си ја замразел жената. Истовремено чувствувал и силни желудочни тегоби. Го болело желудник, не можел да јаде, да спие. Не сакал да оди на доктор, а сопругата започнал да ја брка од дома. Меѓутоа, кога ми се јави неговата жена целата расплакана и очајна, веднаш ја утешив, бидејќи „видов“ дека нејзиниот сопруг е здрав. Еве во што беше работата: тој за време на пауза од работа, започнал да оди во еден нов ресторан каде работела една девојка која практикувала црни магии. Таа му „фрлила око“ на овој маж и му ставила нешто во храната. Таа го сакала за себе и за малку ќе успеала во тоа. Во храната и кафето му ставила крв и други омаѓијани работи за да се вљуби тој во неа. Затоа тој почнал да ја мрази својата жена, да му биде грда и одбивна, а децата едвај ги поднесувал, бидејќи му личеле на мали демони, додека девојката од ресторанот ја гледал како најубав анѓел. Меѓутоа доброто секогаш победува, па така и овој брачен пар после неколку советувања и голема љубов, успеаја да ја победат црната магија – прераскажува исцелителката.
извор: Галама.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.