Смртоносен вирус е пронајден кај лилјаци во пештера во Јужна Австралија, а експертите предупредуваат дека болеста е налик беснило и би можело да убие луѓе ако не се третира.

Јужноавстралискиот завод за јавно здравје издал соопштение во кое го предупредува населението да избегнува било каков контакт со лилјаци.

Д-р Луис Флад, од одделението за контрола на болести при министерството здравство рекла дека ова е трет пат лисавирусот (ABL) да биде пронајден кај лилјаци во Јужна Австралија.

“ABL е болест налик беснило која може да се пренесе на луѓе преку гризење или ако ги изгребе заразен лилјак и ако се третира дури после појавата на симптомите, може да биде фатална”, рекла д-р Флад.

Иако само еден процент од лилјаците имаат ABL, овие неодамнешни случаи се загрижувачки се важен потсетник дека со лилјаците треба да се занимаваат само соодветно обучени и вакцинирани тренери. Иако развојот на ABL болеста може да се спречи, најдобро е да се избегнува секаков контакт со нив, додала таа.

Д-р Мари Кар од Одделението за примарни индустрии ги предупредила сопствениците на домашни миленици да ги чуваат своите животни далеку од лилјаци.

Ако се посомневате дека вашиот миленик е каснат или изгребан од лилјак, ве молиме да го контактирате вашиот ветеринар или Центарот за контрола на животински болести, навела таа.

Минатата година биле регистрирани девет случаи кога луѓето биле изложени на ABL и сите случаи биле третирани и добиле вакцини против беснило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.