Откако ќе помине епидемијата со коронавирусот, рестораните и кафулињата би требало да работат во сосема поинакви услови од сега.

Во Хрватска, здравствените власти издадоа упатства за тоа како ќе работат овие објекти. Директорот на Заводот за јавно здравство на Хрватска Крунослав Цапак објасни дека во кафулињата и во рестораните луѓето нема да може да седат едни до други.

Ако досега имаша маса за четворица, на неа сега ќе може да седат еден или двајца. Ќе мора да се дезинфицира се откако ќе си заминат гостите, вели Цапак.

Денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски најави дека по први мај животот во Македонија полека ќе се враќа во нормала, а маски и марами на лице за сите ќе биде услов да се укине полицискиот час. Ова се планираните чекори кои треба да доведат до намалување на строгите рестрикции, а задолжително ќе остане мерката за социјална дистанца од 2 метри меѓу луѓето. Во втора фаза би одело отварање на кафеаните и рестораните, регулирање на работата на индустриските капацитети, додека засега нема размислување за отворање на училиштата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.