Најпрвин молитвата Оче наш и темјан, па потоа часот може да почне. Најкратко, така може да се прераскаже објавата на еден родител за предлогот на учителката во Вибер групата со родителите на своите ученици, која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари.

Имено, ден пред училишното ѕвоно официјално да го најави стартот на новата школска година во Србија, учителката од Основното училиште „Иво Лола Рибар“ во Нови Сад им испратила предлог на родителите на своите ученици. Предлогот гласи вака:

Дали се согласувате секојдневно пред почетокот на наставата да запалиме темјан во нашата училница и да ја изговориме молитвата Оче наш“ – пишува во Вибер групата на една паралелка од четврто одделение.

Под прашањето е креирана и анкета за родителите да одговорат дали се согласни со предлогот или не.

Под објавата е ставена и слика на која стои дека не постои вирус кој ќе преживее во куќата во која секојдневно се пали темјан.

Објавата брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика безброј коментари.

„Морничаво, страшно“, беа најчестите коментари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.