Светот имаше можност во живо да го проследи меѓусебното доближување на Јупитер и Сатурн видливо од Земјата за првпат по речиси 400 години.
За жал облачното небо ги оневозможи граѓаните на Македонија да го видат овој редок астрономски момент.
За жал и овој пат облаците нѐ спречија во намерата да го набљудуваме реткиот феномен на конјукција на најубавите планети за набљудување низ телескоп – Јупитер и Сатурн. Но, светот е голем и некаде мораше да биде ведро. Еден од најдобрите, ако не и најдобар астроном аматер кој слика планети, е Дамиан Пич (Damian Peach). За да ја направи фотографијата која ја гледате користел телескоп со дијаметар од 1 метар, во Чиле. Она што го гледате на фотографијата најприближно го отсликува тоа што би го виделе низ телескоп, доколку времето беше ведро – напишаа на Фејсбук од Скопското астрономско друштво.
Последен пат вакво „спојување“ на Јупитер и Сатурн можело да се види од Земјата во јули 1623 година, но во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.
Во оние делови од светот каде што спојувањето можеше да се набљудува, двете планети изгледале како една голема светла ѕвезда, иако всушност се раздалечени повеќе од 730 милиони километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.