Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, која поради коронавирусот е во лоша состојба, приклучена е на респиратор.

Според информациите, здравствената состојба на Тимошенко била многу критична, температурата не се симнувала под 39 степени, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.

Нејзината ќерка Евгенија и зетот Артур исто така се инфицирани со ковид-19, но тие имаат поблага форма на инфекцијата.

Тимошенко (59), која два пати беше премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година, стана првата висока украинска политичарка која заболела од ковид-19.

Во Украина оваа недела беше забележано нагло зголемување на бројот на заболени, со нови 2.328 случаи пријавени во саботат, 1.984 во неделата, 1.802 вчера и 1.658 денеска.

Вкупниот број на заболени со ковид-19 во земјата достигна 108.415 лица, a бројот на починати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.