Ветеранот на британската стенд-ап сцена, Ијан Когнито, починал на сцена и публиката продолжила да се смее, мислејќи дека тоа е дел од неговиот настап. Трагичниот настан се случил во бар во англискиот град Бистер. Додека бил на сцената, 60-годишниот Когнито во еден момент почнал да го губи здивот, седнал на столче и во таа положба останал пет минути, пред останатите да сфатат дека нешто не е во ред. Лекарите го прогласиле Когнито за мртов на самото место.
Само десет минути пред тоа правеше шеги на сметка на мозочниот удар. Рече „Замислете да преживеете мозочен удар, станете и проговорите велшки“. Кога седна, мислевме дека и тоа е дел од настапот. Излеговме од салата со чувство на мачнина. Седевме таму можеби пет минути и се смеевме, а тој бил починат , раскажува еден од сведоците на трагичниот настан.
Когнито, чие вистинско име беше Пол Барбиери, настапуваше од средината на 1980-ите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.