На 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија, 18-годишната Марија Тодева од Македонија во авионот на ЈАТ.

Во осмиот месец од бременоста, Марија се качила на авионот што летал од Белград до Сиднеј, каде ја очекувал сопругот Стојан, кој неколку месеци порано заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето, започнало  породувањето. Стјуардесата и стјуардот ја одвоиле од патниците, по што ѝ помогнале да го донесе на свет нивниот син првенец.

Според кажувањата, папочната врвца ја пресекле со ножици, а дезинфицирале со виски. Така, авионот кој полетал со 106 патници, во Сиднеј пристигнал со еден патник повеќе. Веќе наредниот ден, веста за „бебето од авионот“ се појавила во сите југословенски и светски весници. Тоа бил еден од првите такви случаи во историјата на воздушниот сообраќај.

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

Јатко добил и доживотно право да лета бесплатно со авиокомпанијата ЈАТ, до било која дестинација во светот. Во текот на изминатите 41 година, тој ниту еднаш не го искористил овој подарок. Можел да отпатува каде и да посака, но одлучил да остане во Австралија, каде и ден денес живее со семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.