Низ вистински пекол поминала Русинката Елена Александрова, чија 10 годишна ќерка била убиена ќерката. Александрова не можела да се помири со загубата, но после нејзината мачна смрт доживеала нов шок – малата Јана воопшто не била нејзино биолошко дете.
После злосторството, клопчето почнало да се одмотува па се дознало дека 10-годишната Јана, Лаи и нејзината постара сестра Алина со години биле сексуално злоставувани од очувот Јуриј. Тој бил главен осомничен, но се утврдило дека зад мачното убиство стои неговиот брат Олег. Јуриј бил осуден на 13 години затвор, а Олег на доживотен. Мајката не знаела низ каков пекол поминувале девојчињата.
Кога дознала за страшното злосторство, Елена морала да го идентификува телото на Јана кое било пронајдено во шума во ленинградската област. Ја препознала по облеката која ја носела.
Меѓутоа, ДНК анализата покажала дека таа воопшто не е нејзината ќерла.
Полицијата утврдила дека во болницата бебињата биле заменети во 2001 година.
Вистинската ќерка на Елена била пронајдена. Живеела со семејство кое исто така немало поим дека детето им било заменето после раѓањто. На почетокот, Елена не можела да прифати дека Јана не е нејзиното дете и сметала дека нејзината облека ја ставиле на друго дете.
Мислам дека не е мојата ќерка таа која е пронајдена мртва, рекла тогаш.
Сепак, ДНК анализата потврдила сè. Примерокот на Јана се поклопувал со другото смеејство.
Да биде уште полошо, на Елена не ѝ е дозволено да ја гледа својата биолошка ќерка поради шокот кој девојчето може да го претрпи кога ќе дознае што се случувало во меѓувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.