Денеска е Св. маченичка Пелагија.

Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незна-божечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Ко¬га поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти. После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се прободе со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот. Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Пострада во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка.

Во народот се создале обичаи кои треба да ги практикувате на денешен ден. Денеска не се палат свеќи, ниту поголеми пламени. Во спротивно се верува дека на себе ќе ја навлечете злата судбина на Пелагија и ќе останете без род и пород, но и без љубов. Жените кои не можат да добијат деца, денеска би требало да врзат снопче рузмарин и да го стават под перница, со што ќе ги повикаат добрите духови да им помогнат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.