Телото на стјуардесата Кристина Анџелка Дасера (23) пронајдено е во раните утрински часови за Нова година во хотел во градот Макатиј. Кристина починала откако  ја силувале 11 мажи во една ноќ.

Кристна не давала знаци на живот откако чистачките повикале полиција и Брза помош. Забележале дека на нејзиното тело стои порака со бизарна содржина: Нас никој не не одбива!

Докторите во болница се обиделе да ја спасат Кристина, баш како и оние кои се нашле во амбулантното возило, ама и немало спас.

Според првичните информации, Кристина со пријателките прославувала Нова година во хотелот. Една од нив повикала група од 20 мажи на забавата, која се претворила во оргии. Кристина не сакала да учествува во групниот секс, ама еден од мажите не можел да го прифати нејзиното не, па ја одвел во купатило. Таму дошле уште 10 негови пријатели и ја силувале наизменично повеќе од еден час, се додека не се онесвестила. Како попатно ја ударале по телото, очигледно добила внатрешно крварење, па само паднала на под. Тогаш го отклучиле купатилото и ја напуштиле журката.

Кристина била една од најпопуларните стјуардеси на Инстаграм со повеќе од 80.000 следачи и важела за една од најубавите членки на посадата на авио компанија од Филипините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.