Маж е уапсен во Пакистан бидејќи ја мачел својата сопруга така што ја соблекол гола, ја претепал и и ја избричил главата затоа што не сакала да игра за неговите пријатели. Овој случај го привлече вниманието на светската јавност откако жената која се престави како Асма Азиз побарала помош.
Мојата облека е крвава. Бев врзана и обесена на вентилаторот. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси, изјавила Асма, мајка на тригодишно дете.
Нејзиниот сопгруг Фалсал ја претепувал секогаш кога ќе се опие. Таа пред неколку дена избегала и случајот го пријавила во полициска станица и побарала лекарско помош. Но наводно, полицајците одбил да ја примат пријавата бидејќи немала пари да плати мито.
Полицијата бараше пари и за мојот преглед, но немав со што да им платам.
Откако го видела видеото, министерката за човечки права Ширин Мазари напиша на Твитер дека се уапсени сопругот на Асма, Миан Фалсал и човекот што бил кај него вработен, Рашид Алија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.