Пред познат клуб во Сараево пред неколку дена надзорните камери снимиле инцидент во кој маж тепа девојка.
Инцидентот се случил во неделата во раните утрински часови, кога девојката го напуштила клубот и се движела кон главната улица. Веднаш по неа истрчал маж кој ја повлекол за коса и започнал да ја тепа. За да го спречи насилството, сопственикот на објектот кој воедно е и најпознатиот босански ММА борач, за да и помогне на девојката го тргнал мажот од девојката и со неколку удари го совладал.
На видеото може да се забележи како потоа од објектот излегуваат уште неколку лица за да ја прекинат тепачката и да ги раздвојат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.