Карољ Лудман од Мол, Србија во денес дал изјава во болницата во Сент.

Тој е хоспитализиран откако ноќта помеѓу петок и сабота ја полил сопругата со бензин и ја запалил, а при тоа се здобил со изгореници на лицето.

Тој признал дека ја полил со бензин и ја запалил сопругата, а како причина го навел неверството. По давање на изјавата во болница тој е префрлен во затворска болница во Белград.

Кобната вечер тие се скарале, а Карољ барал од 47- годишната сопруга да му помогне со инсулинот бидејќи е дијабетичар.

Кога таа одбила, Карољ се налутил, па излегол во дворот и ја зел кантата со бензин, па ја полил додека таа била во кревет и ја запалил.Пожарот го пријавил нивни сосед, па повикал полиција и пожарна.Кога тие пристогнале затекнале ужасна глетка, пренесуваат српските медииуми.

Несреќната жена е погребана во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.