Килограм клинци, завртки, шајки и ножеви биле пронајдени во утробата на еден Литванец за време на неговата операција во а Универзитетската болница во Клајпеда, објавија локалните медиуми, пренесе Би-Би-Си.
Според лекарите, пациентот голтал метални предмети скоро еден месец, а почнал откако престанал да пие алкохол. Некои од предметите што лекарите ги отстраниле за време на тричасовната операција биле долги и 10 сантиметри, пренесува литванската радио-телевизија (ЛРТ).
За мене, тоа е нормален работен ден. Не бев многу изненаден. Не е невообичаено да вадиме предмети од желудниците, но во оваа количина првпат. Кога видов што има внатре, реков „ќе има работа“, коментира хирургот Шаранас Даилиданас.
Болницата објави фотографија од металниот сад полн со метални предмети на својот профил на Фејсбук.
Мажот бил пренесен со брза помош со силни болки во стомакот, но по операцијата е во стабилна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.