Метеоролошкиот завод на Австралија соопшти дека најтоплиот ден во историјата во оваа земја бил регистриран во текот на изминатиот месец, относно дека декември во 2018 бил најтоплиот месец откако се спроведуваат мерења на температурата на воздухот на овој континент.
Просечната температурата во Австралија забележана на 27 декември достигнала 40,19 степени, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Во градот Марбел Бар минатиот месец беа измерени дури 49,3 степени Целзиусови.
Топлотниот бран кој започна во декември, а продолжи и во јануари ја зафати секоја австралиска сојузна држава и територија. На многу локации беше забележана највисока дневна максимална температура за овие два месеца, со тоа што на некои места рекордите за највисоки температури беа надминати и за по неколку степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.