Петгодишното дете од Израел, единствениот кој ја преживеа несреќата на жичарницата во Италија, во која на 23 мај загинаа 14 лица, денес излегло од болница откако здравствената состојба му е значително подобра.

Дома се вратил со возило на Итна помош во придружба на тетка му. Детето живее во Павија, јужно од Милано.

Неговата здравствена состојба многу е подобра – се вели во соопштението во кое се додава дека за целосно закрепнување ќе му требаат уште два месеци.

Детето е единствениот патник кој го преживеа падот на гондолата од жичарницата во Стреси, во близина на врвот Мотароне. Останатите 14 патници, вклучително и неговите родители, двегодишниот брат, прадедото и прабабата, загинале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.