Иако единствен кандидат на локалните избори во малата општина Лезина, Италија, гратче со шест илјади жители, кандидатот на партијата „Лига“, Примиано Ди Мауро, загуби.

За резултатите да важат неопходно е да гласаат најмалку 50 отсто од избирачите, но во оваа мала општина само 49 отсто од нив излегле на гласање.

Со тоа победата која навидум изгледала сигурна, имајќи предвид дека немало конкуренција, се претворила во бизарна и веројатно единствен пораз, бидејќи немало противкандидат.

Печатот кој известува за овој случај пишува дека победиле оние кои ги бојкотирале изборите, т.е не го искористиле своето демократско право да гласаат.

Апстинирањето било фаворизирано, во овој случај, од две групи политичари „Поинаква Лезина“ која е блиска со партиите од десниот центар и втора група „Но Кворум“, по политичко убедување блиска до Демократската партија.

Имајќи предвид дека не е избрана локална влада, гратчето Лезина ќе биде водено од т.н „комесари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.