Еден од најшармантните парови во Холивуд во последните години беа несомнено Џастин Теру и Џенифер Анистон, кои се свршија во 2012 година и се венчаа три години подоцна.

Џенифер и Џастин делуваа како хармоничен пар, па многумина беа изненадени кога во 2018 година, американските медиуми објавија дека се разведуваат.

Како што сега тврди британски „Мирор“, проблемот бил во тоа што Џенифер останала во блиски односи со својот поранешен сопруг Бред Пит, односно во тоа што тој се чувствувал слободно да ѝ испраќа емотивни пораки.

Бред наводно ѝ пишувал: „Вечерва изгледаше толку убаво“ и „Веќе ми недостасуваш“, а Џастин ги прочитал сите овие убави зборови кои Бред ѝ ги упатил на својата поранешна сопруга.

Влијанието на Бред Пит било толку силно што му пресудило на нејзиниот брак со Џастин Теру.

Џенифер го убедувала Џастин дека пораките од Бред ништо не ѝ значат, но безуспешно, пишува „Мирор“.

Наводно, Џастин сфатил дека Џенифер никогаш не престанала да го сака Бред, иако ѝ го скрши срцето.

Проблеми во бракот создале и различните желби за тоа каде треба да живеат – Џенифер го фаворизирала Лос Анџелес, а Џастин го фаворизирал Њујорк.

Сепак, Џастин и Џенифер останаа во извонредни односи, па дури и денес не е реткост да се слушне актерот пофално зборува за неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.