Браќата Ѓуран и Мирсад Селмани од Македонија, сопственици на ресторан во Италија донирале над илјада бесплатни ручеци по повод католичкиот Велигден, објавија тамошните медиуми.

Тие сакаа на овој начин да ѝ се оддолжат на заедницата на земјата што пред неколку години со голема љубов го пречекаа него и неговото семејство.

Двајцата се сопственици на ресторан пицеријата „Ал Соле“ во гратчето Калдонацо во регионот Тренто во северна Италија. Одлична иницијатива ги привлече жителите на соседните гратчиња Левико, Пергин и други места. Ѓуран и Мирсад понудиле Велигденски ручек на над илјада луѓе: социјално загрозени лица, лица во карантин, стари лица, оператори на Центарот за лица со инвалидитет, како и на пожарникарите волонтери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.