Градоначалникот на градот Вентимиља, што се наоѓа во северозападна Италија близу границата со Франција, беше ограбен во директен пренос на телевизија.

За време на разговор со новинарка, градоначалникот Гаетано Скулино во еде момент престанува да ја гледа и слуша соговорничката и гледа во спротивна насока. Тој забележува дека некој му го украл палтото оставено на клупа на растојание од 2-3 метри од него.

Сè тоа се случува во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

По шокот, градоначалникот некако успеа да си ја врати присебноста, одговори на прашањата и на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.