Според информациите од бањалучката полиција фудбалерот Огњен Врањеш кој во јавноста го сврте вниманието по аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша и неговиот брат Стојан се уапсени поради физички напад на извесен Душан Комљеновиќ.

Во нападот учествувало уште едно лице и сите заедно по пријава на оштетените биле приведени полицијата каде бил составен записник, а обвинителството поднело кривична пријава за тешки телесни повреди по што обвинетите се пуштени на слобода.

Огњен Врањеш инаку настапува во грчки АЕК и е репрезентативец на БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.