Пакистенецот Азер Кан е вистински хит во Србија. Поради неговата неверојатна сличност со пејачот Жељко Јоксимовиќ луѓето го застануваат на улица барајќи да се сликаат со него.

Тој веќе една година живее во Србија откако избегал од родниот Пакистан. Кога му ја покажале сликата од пејачот не можел да поверува колку си личат.

32-годишниот Азер кому Србија требало да му биде попатна станица решил да остане да живее таму бидејќи луѓето биле многу срдечни. Веќе нашол работа во столарска работилница, а планира да го смени името. Се прашувате какво име ќе си даде? Се разбира Жељко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.