Откако се разведе од сопругата Елена Кариќ, со која беше 15 години во брак, Југослав Кариќ не губеше ниту минута, па брзо си најде нова девојка. Во прашање е угледна белградска адвокатка, инаку поранешна жена на еден српски бизнисмен.

Кон крајот на минатата година потврдена е информацијата дека популарниот пар дефинитивно се развел. Повод за тоа наводно била романсата на Елена со фотографот Душан Рељин. И пред официјално да се разведат, кога Југослав дознал дека неговата сопруга се заљубила во друг маж, Југослав решил да се исели од куќата во Космај, па сега живее во станот во центарот на градот, во близината на ресторанот кој го отвориле заедно. Ама не самува. Се заљубил наводно во адвокатка, со која е од средината на минатата година.

Според тврдењата на упатените, Југослав и неговата партнерка одлично се сложуваат, се гледаат секој ден и наскоро планираат заеднички живот. Тие биле заедно и за новогодишната ноќ кога избил скандал. Имено Југослав почетокот на 2021 година го поминал на тајна локација, на нелегално организиран дочек, каде имало многу луѓе и покрај мерката за забрана за собирање.

Инаку Елена и Југослав се венчале 2005 година, а се развеле 2020.

Парот не можел да се избори со разликите и несогласувањата, емоциите згаснале, а нему се повеќе му пречеле честите патувања на Елена и блискоста со фотографот Душан Рељин. Таа се повеќе време посветувала на патувањата и Душан, со кои негува исти интереси кога во прашање е нејзиниот спиритуален живот.

Дизајнерката во меѓувреме почнала да живее со Душан, со кој ужива и патува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.