Мексиканските власти спасиле момче кое случајно се заглавил во тунел кој го копал сам со намера да ја шпионира поранешната девојка, пренесе Дигиталњуз.

Од полициските службеници известиле дека 50 годишен маж поминал со денови копајќи тунел во градот Пуерто Пенаско на обалата на Калифорнискот залив, али притоа се заглавил и му требала помош да излезе. Судот донел пресуда за забрана да се приближува на поранешната девојка заради тужба за насилство по што почнал да го копа тунелот.

Девојката раскажала на полицијата дека во минатата недела слушнала некое гребење али мислела дека се мачки. Како звукот станувал се погласен таа ја испитала околината и го пронашла поранешниот дечко заглавен во дупката.

Двајцата биле заедно 14 години али раскинале бидејќи бил премногу љубоморен. Полицијата изјавила дека бил дехидриран кога го извадиле од тунелот. Истиот е приведен и се наоѓа во притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.