Учителка во градинка на Халкидики исфрлила 4-годишно девојче во дворот како „казна“ затоа што било непослушно. Додека девојчето постојано врескало, другите деца во училницата биле преплашени. Некои подоцна им кажале на своите родители дека „ги покриле ушите со рацете“ затоа што не можеле да ги слушнат врисоците на нивната другарка од групата.
Врескањето го слушнала мајка која исто така има дете во истата градинка.Таа ја снимила шокантна и нехумана сцена со својот мобилен телефон.
Шокирана, мајката влегла во градинката и побарала објаснување. Наставничката тврди дека четиригодишното дете било непослушно, било надвор од контрола и нападнало други деца.
Иако наставничката се извинила, родителите на другите деца во градинката „Агиос Миколаос“ не биле задоволни од начинот на кој инцидентот бил затворен, по што побарале објаснувања од образовните органи.
По овој инцидент, друга мајка се пожалила дека нејзиниот син се вратил дома со отпечаток од рака на вратот.
Министерството за образование наредило внатрешна истрага за инцидентот со девојчето, откако видеото беше објавено од телевизијата „Ант 1“ во ударните вести во петокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.