Дрворед со десетина јасени деновиве беше исечен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, што предизвика силни реакции во јавноста. Сечењето на дрвјата следува откако пред неколку дена, Општина Охрид објави дека започнале работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на тој булевар, во потегот од крстосницата со ул. „Јане Сандански“ до крстостницата со ул. „Даме Груев“.

Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера, стои во соопштението на општината.

фото: Радио МОФ

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.