Во изминатите две децении се бележи неверојатен пад на популацијата на тн. американски пчели. Губењето на живеалиштето, болестите и пестицидите се главни причини за исчезнување на овие инсекти, а тие се главни опрашувачи за домати, дињи, пиперки, јагоди и други битни култури.
Истражувачите неодамна открија дека популацијата на овие пчели за 20 години се намалила за 89 отсто и тие се на работ на истребување. Тоа би можело значително да влијае врз земјоделството и целиот екосистем.
Американските власти сега размислуваат да го класифицираат инсектот како „загрозен вид“, што би било првпат во историјата на САД.
Официјално позната како „Bombus pensylvanicus“, американската пчела целосно е исчезната од осум американски држави: Мејн, Њу Хемпшир, Род Ајленд, Вермонт, Ајдахо, Северна Дакота, Орегон и Вајоминг. Во Њујорк падот изнесува 99 отсто.
Кај 19 други подвидови исто така има пад од над 50 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.